Соопштенија

Посета на Антон Смирнов повеќекратен шампион во уметничко лизгање на Руската Федерација и носител на повеќе медали на меѓународни и светски првенства

Денес во Скопје како визитинг тренер пристигна г-динот Антон Смирнов, повеќекратен шампион во уметничко лизгање на Руската Федерација и носител на повеќе медали на меѓународни и светски првенства.

Гостување во утринска програма Македонија наутро на МТВ

Сезоната на Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО ја започнавме со подобрени услови за тренинзи по уметничко лизгање и хокеј

Меѓународен натпревар во Уметничко Лизгање “Novi Sad na Ledu” 2017

Ова е прв меѓународен натпревар сезонава, а истата ја стартувавме со нов тренер од Белорусија- Vitaly Luchanok.

ЦЕМС-Соработка

Денеска се потпиша договор за соработка помеѓу Центарот за едукација и менаџмент во спортот – ЦЕМС и Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ

СКОПЈЕ АЈС ФЕСТИВАЛ

Заврши уште едно издание на турнирот во хокеј “Скопје Ајс Фестивал”. Натпреварите се одиграа изминатиот викенд од 08-10.12.2017 година на Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО, а учество на турнирот годинава земаа екипи од Германија, Унгарија и Македонија.

Хокеарскиот клуб Рајман од Германија е освојувач на 6-от традиционален „Скопје ајс фестивал“. Тие во финалниот меч го совладаа домашниот тим Металург со 7:2. Третото место на турнирот го освои екипата Торпедо од Букурешт.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Дмитриј Прокудин од Металург.

Спектакуларно отварање на Vip Лизгалиште

Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ и официјално отворено за сите љубители на добрата забава на мраз. Овогодинешната сезона беше отворена со спектакуларна забава на мраз со денс атракцијата “Битрикс кру”, а за добрата музика беше задолжен ДЈ Бугимен.

Лизгалиштето е отворено за сите љубители на рекреативното лизгање и убавината да се лизга на вистински мраз и воедно нуди одлични услови кои се мотивација за деца и млади луѓе кои ќе одлучат да ги изучуваат тајните на уметничкото лизгање во школата за уметничко лизгање.

Подгответе се за зимски лудории, Ве очекуваме!

Спортски Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ 

eu week sport

  • home-page-footer-01.jpg
  • home-page-footer-02.jpg
  • home-page-footer-03.jpg
  • home-page-footer-04.jpg
  • home-page-footer-05.jpg
  • home-page-footer-06.jpg
  • home-page-footer-07.jpg
  • home-page-footer-08.jpg
  • home-page-footer-09.jpg
  • home-page-footer-10.jpg
  • home-page-footer-11.jpg
  • home-page-footer-12.jpg
  • home-page-footer-13.jpg
  • home-page-footer-15.jpg

Локација

А1 Арена Борис Трајковски

Булевар 8ми Септември бр.13
1000 Скопје, Република Северна Македонија

тел: +389 076 361-185; 071 318-966
email: info@scboristrajkovski.gov.mk