„Во 2015 година, првата новина од СЦ „Борис Трајковски” е воведување на пакети за утринска рекреација. Во истите, вклучено е користење на базенот или фитнес центарот, во периодот од 7:00 часот наутро до 12:00 часот. Со формирањето на овие пакети, веруваме дека ќе успееме во остварување на предизвикот – да наметнеме стандард за започнување на денот со физичка активност на што поголем број граѓани. За светот ова е позната практика, но кај нас сеуште нема култура за утринска рекреација, нешто што веруваме дека, како најголем спортски центар во Македонија, можеме да го промениме, изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.
„Задоволна сум од резултатите и од она што го покажавме на натпреварот.Децата добија големи пофалби за трудот и желбата за напредок од судиите. Ова беше само второ натпреварување во историјата на уметничкото лизгање како нов спорт во Република Македонија, и секако треба да бидеме навистина горди на резултатите кои ги постигнуваме, со оглед на фактот што овие деца само втора година тренираат на вистински мраз. Условите во СЦ „Борис Трајковски” се навистина одлични, и се токму она што е потребно за развојот на овој спорт. Сезоната допрва започнува, а до крајот ќе учествуваме на уште пет натпреварувања”, изјави Ксенија Јестшењски Симиќ, тренер на клубот по уметничко лизгање во СЦ „Борис Трајковски”.
„Би сакале да Ве информираме, дека заклучно со завршувањето на Меѓународниот турнир во хокеј кој се оддржa на 15-ти и 16-ти ноември, во употреба e пуштено игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски”. И оваа зимска сезона, покрај часовите за рекреативно лизгање и тренинзите по хокеј, граѓаните ќе имаат можност и за рекреативно користење на игралиштето,” изјави г-дин Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.
Спортскиот Центар „Борис Трајковски”, овој викенд ќе биде домаќин на Интернационалниот пливачки натпревар, кој на 15-ти и 16-ти ќе се одржи во базенот во состав на СЦ Борис Трајковски.
Истиот се одржува во состав на Деновите на спортот, организирани по повод 70 годишнината од ословодувањето на град Скопје. Во организација на ПК Бета – Скопје, и техничкиот организатор СЦ Борис Трајковски, навистина квалитетни имиња ќе бидат дел од ова интернационално натпреварување.
Спортска недела во СЦ Борис Трајковски – со хокеј, пливачки и ватерполо турнир ќе се прослави празникот 13-ти ноември!
„На наше огромно задоволство, и оваа година СЦ Борис Трајковски ќе биде дел од прославата на 13-ти ноември со натпреварувања во неколку области. Пливачкиот турнир ќе биде од меѓународен карактер, и на него се очекува број од околу 250 натпреварувачи од различни држави. Меѓународен карактер ќе има и турнирот во хокеј, на кој ќе учествуваат тимови од Грција, Бугарија и Србија. Конечно, во програмата е вклучен и ватерполо турнир, кој ќе биде во организација на Пливачкиот клуб „Бета”. Идејата е 13-ти ноември, повторно биде убав повод за спортски активности од меѓународен карактер, преку кои се афирмира спортот и спортското живеење, изјави Златко Перински, Директор на СЦ Борис Трајковски. ”
На 06.10.2014 (понеделник) со почеток во 19:00 во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде официјалниот старт на новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија. По петти пат кај нас, Бизнис Лигата на Македонија ќе биде место каде ќе се соберат вработените од најуспешните компании во земјава за да се забавуваат, рекреираат, да си ги одмерат силите во мал фудбал и да остварат нови бизнис контакти.