„Отсега, сите содржини и активности поврзани со СЦ Борис Трајковски, граѓаните ќе можат да ги најдат на новата, редизајнирата веб страна. Како што веќе беше најавено, страницата е user friendly и лесна за навигација, а најзначајна новина е фактот што истата ќе биде постојано ажурирана со цел доставување релевантни и навремени информации до пошироката јавност, изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски"
Спортскиот Центар „Борис Трајковски" и официјално ја претстави новата веб страна www.scboristrajkovski.gov.mk која од денес започнува со работа. Истата е комплетно редизајнирана, и е насочена кон промоција на активностите поврзани со центарот кои, отсега, ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија.
На новата веб страна на СЦ „Борис Трајковски" ќе бидат претставени и сите новитети, пакет понуди и промотивни активности кои центарот ќе ги организира во следниот период, се со цел доближување на институцијата до граѓаните и полесен пристап до содржините.