Почитувани,
Ни претставува задоволство да Ве информираме дека од понеделник 29.01.2018 година ќе започне со работа новата сауна во Vip Базенот.
Сауната е еден од најпознатите начини за релаксација, но и вид за одржување и прочистување на организмот, елиминирање на токсини, ослободување од стрес, согорување на калории, зајакнување на имунитетот.
Сауната во Vip Базенот ќе биде достапна за сите посетители со пристапни цени за користење и тоа:
- Користење на сауната во времетраење од 1 час за максимум 3 лица изнесува 450 денари,
- Корисници кои што имаат месечни билети за користење на услугите на базенот ќе можат да ја користат сауната во времетраење од 1 час по цена од 200 денари.
Сауната навистина прави да се чувствувате подобро, да изгледате подобро и да спиете подобро, повеле Ве очекуваме.
Ваш,
СПОРТСКИ ЦЕНТАР БОРИС ТРАЈКОВСКИ