Сојузот на спортови Скопје ги додели наградите 13 Ноември

Наградата Спортски работник е доделена на Александар Петровски, репрезентативец, спортски работник, тренер во ракометниот спорт, директор на Спортски Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.

Наградата 13 Ноември на Спортист е доделена на спортистот Игор Димовски, долгогодишен активен спортист-триатлонец и маратонско пливање, за освоена шампионска титула во Триатлон, со забележителни резултати на меѓународни триатлон натпревари и за препливувањето на Ламанш.

Сојузот на спортови на Скопје ја додели наградата Спортски работници за Животно дело на примариус д-р. Нада Темелкоска, Ристо Петров, Петар Шумановски и на Марјан Начевски.

Наградата 13 Ноември за помагање, и поддршка на спортски натпревари и настани припадна на Дејан Трајковки началник на МВР на Р.Македонија, за особен придонес, помош и поддршка на организацијата на програмите на сојузот и воопшто на спортот, особено атлетските улични трки и ВИЗ ЕР Скопски маратон, Скопје трча 10 к. Женска трка, Скопје на Точак, велосипедски активности, училишниот спорт и секаде каде што треба поддршка и помош од страна на полицијата во организацијата на спортот.

Сојузот на Спортови на Скопје наградата 13 Ноември за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот и спортската рекреација во Скопје, ја додели на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

 

СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ


Печати