Мала Сала
Спортскиот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ покрај големата спортска арена во својата понуда има и помошна спортска сала односно мала сала, која што ги исполнува професиналните стандарди за натпревари и тренизни за кошарка и одбојка, но и за други спортови како борење, џудо и бокс со соодветна опрема за истите.
Во малата сала може да се организираат културни настани, манифестации, форуми и симпозиуми со капацитет од 470 до 1000 посетители.
Малата сала е исто така достапна за рекреативно спортување на поединци и групи.