sl7

Пливачки Базен

Во состав на Спортскиот Центар Борис Трајковски се наоѓа и затворен базен кој е во функција во текот на целата година. Базенот располага со индивидуални и групни гардероби опремени со орманчиња, туш кабини. Во базенот е проектирана и фиксна трибина со капацитет од 450 гледачи.

Димензиите на базенот се 33 метри со 25 метри, со што покрај рекреативно пливање нуди услови и за организирање на пливачки натпревари во кратки базени како и зимски државни првенства. Исто така димензиите на базенот овозможуваат и организирање на ватерполо натпревари.

Во склоп на базенот постои и мал базен со димензии 20 метри со 6 метри, кој може да се користи за обуки на непливачи како и за терапевски вежби. Базенот ви нуди и отворена тераса која функционира во текот на летниот период.

Во склоп на базенот функционира и пливачкиот клуб БЕТА  кој работи со тим на професионални и високо стручни тренери, а нуди обука на непливачи, тренинзи за пливање и тренинзи за ватерполо.