Skopje on Ice - Меѓународен натпревар во уметничко лизгање

Викендов во Скопје во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Северна Македонија ќе се одржи четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање “Skopje on Ice”. Во петок и во сабота на А1 Лизгалиштето во СЦ Борис Трајковски, љубителите на овој спорт ќе можат да уживаат во уметноста на мразот што ќе ја донесат речиси сто натпреварувачи, од кои седумдесетина доаѓаат од странство. Во склоп на овој натпревар по четврти пат  ќе бидат прогласени националните прваци во уметничко лизгање.

Натпреварот ќе се реализира во вкупно седум категории, и тоа три категории во рамките на националниот натпревар (сениори, јуниори и младинци) и седум категории во меѓународниот натпревар (дополнителни категории: кадети А, кадети Б, кадети Ц и интерпретации). Настанот започнува во петок, кога ќе се одржат службените тренинзи, извлекувањето на редните броеви за настап и натпреварите во интерпретации. Во сабота пак, по натпреварувачкиот дел ќе следува доделувањето медали и дипломи.


Печати