Припрема на содржините во комплексот

Почитувани корисници,

Ве известуваме дека во исчекување на одлука од Владата на РСМ за олабавување на мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на КОВИД-19, Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ започна со припрема на содржините во комплексот. Се превземаат сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење и целосна дезинфекција на целиот комплекс. Здравјето на нашите корисници како и досега е наш приоритет.

 

Се гледаме наскоро.

Ваш,
СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ


Печати