По најуспешната лизгачка сезона досега, во сабота се затвора лизгалиштето во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ. Заедно со Федерацијата за лизгачки спортови (ФЛС) подготвуваме интересна завршна приредба од 20:00, каде што ќе имате можност да ги видите најдобрите млади лизгачи со свои точки. Овие млади талентирани луѓе таму ќе бидат и да помогнат во совладување на техниките на рекреативното лизгање на сите посетители.
По апсолутниот рекорд во посетеност оваа сезона, чест ни е да најавиме дека догодина, нашата држава го добива првото затворено лизгалиште кое комплетно ќе ги исполнува сите услови и стандарди за хокеј, уметничко и рекреативно лизгање.
Се гледаме следната година.
Ваш,
Спортски Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ