Реновирање и поставување на нов семафор

Почитувани,

Во изминатиов период интензивно се работи на подобрување на услугите во сите објекти во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.

Во “vip БАЗЕНОТ” се санираше кровната конструкција, се изврши реконструкција на електро инсталацијата и подобрување на осветлувањето, “vip Аква паркот” доби нов лик со комплетно нова опрема, отворен е третиот шанк, зголемен е бројот на лежалки, има и многу други мали новитети за целосно опуштање и забава на целото семејство.

Во моментов се завршува реновирањето на соблекувалните vo “vip АРЕНАТА” кои што добија сосема нов и модерен лик, од кои едната е ВИП соблекувална и истата е во завршна фаза од реновирање.

Исто така убрзано се работи на обезбедување на услови за монтирање на новиот централен семафор во “vip АРЕНАТА” кој што се надеваме дека ќе биде поставен до почетокот на Лигата на шампионите во ракомет во септември. Тоа ќе биде првиот семафор во Македонија од таков тип.

Понатаму во план е средување на озвучувањето и осветлувањето, трибините, позиции за новинарите и многу други работи со кои што СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ќе продолжи да биде најрепрезентативниот спортски објект во Република Македонија.

Ваш,
СПОРТСКИ ЦЕНТАР БОРИС ТРАЈКОВСКИ


Печати