Изминатиот викенд на 21-22.10.2017 во Vip Базенот при СЦ Борис Трајковски, се одржа петтиот меѓународен пливачки натпревар „13-ти Ноември” на кој настапија преку 300 пливачи од вкупно 12 земји и тоа: Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Ирска, Чешка, Словенија, Италија, Босна и Херцеговина, Велика Британија и Грција.
Пливачкиот митинг беше организиран од страна на ПК Бета со подршка од Спортскиот Центар Борис Трајковски.
За најуспешен клуб на овој митинг беше програсен домаќинот Пливачкиот клуб Бета со освоени 85 медали од кои 37 златни, 25 сребрени и 23 бронзени медали, додека за најдобри пливачи беа прогласени Иван Ленџер (Србија) и Тјаша Возел (Словенија).
За одбележување се шесте македонски рекорди кои ги поставија пливачите на ПК Бета:
– Ана Јаневска постави нов младински и апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри делфин со време 28,61 секунди
– Миа Блажевска Еминова постави пет нови рекорди за постари пионери во дисциплините:
100 метри слободно со време 01.01,34 минути каде го подобри 20 години стариот рекорд на Весна Стојановска со време 01.01,50 минути;
50 метри делфин го подобри рекордот со време 31,36 секунди;
100 метри мешано со време 1.11,72 минути;
50 метри грбно со време 33,09 секунди;
50 метри слободно со време 28,36 секунди.