Правила на однесување (Конгресен центар)

2.2.2 ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ (КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР)

Член 5

Посетителите на Конгресниот Центар се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:

1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Конгресниот Центар во согласност со одредбите од овој Правилник.

2.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Конгресниот Центар доколку уредно имаат платено надоместок за користење на истиот.

3.Пред започнување со активности посетителите се должни да се обратат на вработените во Конгресниот Центар, за да им се дадат инструкции за користење на опремата.

4. Организаторите на настаните во Конгресниот Центар за кои склучуваат договори, должни се истиот  да го чуваат со внимание на добри домаќини и да спречат настанување на било каква штета од страна на било кое лице за време на користењето на истиот, да ги заштитат и обезбедат материјалните добра, како и животите на учесниците непосредно пред одржување, за времетраење и непосредно по завршувањето на настанот.

5.Сите штети кои ќе настанат за времето на користењето на Конгресниот центар, а кои штети ќе бидат констатирани веднаш по завршувањето на настанот со записник составен од страна на претставник на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје во присуство на двајца полнолетни сведоци,  организаторите на настаните се должни најдоцна во рок од 3 (три) дена во целост да му ги надоместат на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје;

6.Во Конгресниот Центар е забрането:

  • секое однесување кое ги попречува активностите во истиот,
  • секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и
  • користење кетеринг услуги на храна и пијалоци.

*Секое лице што ќе го нарушува мирот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во Друштвото ќе биде отстрането од истиот од страна на извршителите на обезбедување.

*На секое лице  кое е во алкохолизирана состојба, кое го нарушува редот и не ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник,  нема да му биде овозможен влез во Конгресниот Центар.

7.Забрането е внесување на наркотични средства и оружје.

8.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.

9.За време на паузата на организираниот настан во Конгресниот Центар, по избор на организаторот, посетителите може да бидат послужени со кетеринг услуги на храна и пијалоци исклучиво во фоајето пред Конгресниот Центар.

*Одговорноста за исправноста и квалитетот на истите се на товар на организаторот.

*Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати труења на посетителите во Конгресниот Центар.

*Храната треба да е согласно Законот за безбедност на храната, пречистен текст („Службен весник на Република Македонија бр.123/2015) и член 13 од Правилникот за општите барања за примарно производство и придружни операции како и општите барања за храна („Службен весник на Република Македонија„ бр.12/2012).

10.Посетителите на Конгресниот Центар за сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) се лично одговорни.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.

11.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на опремата во Конгресниот Центар  ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје  нема да биде одговорно настанатата штета.

12.Секое лице кое ќе увиди дефект на опремата и инвентарот е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во Друштвото  заради заштита од несакани последици.

13.Посетителите се должни да побараат помош  од вработените во Друштвото при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).

14.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на Конгресниот Центар во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.

*Сите овие правила се објавени на видно место во Конгресниот Центар.

 

Член 6

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои ги посетуваат настаните организирани во Конгресниот центар во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користењето на услугите на Конгресниот центар.

Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор  вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите во Конгресниот центар доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Во случај посетителите на Конгресниот центар да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слични).