sl7

Аеробик и пилатес

Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ се наоѓа АЕРОБИК и ПИЛАТЕС центарот, САЛА која е комплетно озвучена и професионално осветлена со можност за визуелни презентации, климатизирана, со туш - кабини и САУНА. 

Во АЕРОБИК и ПИЛАТЕС центарот работат професионални инструктори, дипломирани професори по физичко и здравствено образование, кои целосно ќе ви помогнат, и ќе ве насочат да ја остварите вашата цел. 

Центарот Ви нуди повеќе видови програми и насоки за аеробните тренинзи и пилатес методата, се со цела да го подобрите и промените вашиот животен тек во целост.

Со членувањето во нашиот центар, не само што ќе се чуствувате подобро, енергично, среќно, весело, задоволно, туку и ќе придонесете за подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем, мускулно-скелетниот систем, невро-мускуларниот систем и психо-емоционалниот систем, односно ќе ја зголеми вашата самодоверба, намалување на стресот, го корегира погрешното држење на телото, ја ублажува депресијата, го смалува ризикот за појава на остеопороза. Ќе ви го промени изгледот во елеганцијата и хармонијата на мускулните движења, што причинува задоволство и ќе ја подобри Вашата физичка виталност.