Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Соопштенија

 „Отсега, сите содржини и активности поврзани со СЦ Борис Трајковски, граѓаните ќе можат да ги најдат на новата, редизајнирата веб страна. Како што веќе беше најавено, страницата е user friendly и лесна за навигација, а најзначајна новина е фактот што истата ќе биде постојано ажурирана со цел доставување релевантни и навремени информации до пошироката јавност, изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски"

Спортскиот Центар „Борис Трајковски" и официјално ја претстави новата веб страна www.scboristrajkovski.gov.mk  која од денес започнува со работа. Истата е комплетно редизајнирана, и е насочена кон промоција на активностите поврзани со центарот кои, отсега, ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија.

На новата веб страна на СЦ „Борис Трајковски" ќе бидат претставени и сите новитети, пакет понуди и промотивни активности кои центарот ќе ги организира во следниот период, се со цел доближување на институцијата до граѓаните и полесен пристап до содржините.

„Втората година во Градскиот Аква Парк помина и подобро од она што очекувавме. Иако, реално, летото не беше баш со високи температури и вистински жешки денови, сепак, граѓаните ја одбраа оваа локација. Со самото отварање на единствениот аквапарк во градов, Скопјани освен што добија нова забава, имаа можност и да ги уживаат содржините кои се во склоп на овој објект. Сезоната ја започнавме во месец јуни и до денес имавме повеќе од 30 000 
посетители. Бројка, која ја покажува актуелноста на оваа летна локација која им е омилена на сите генерации“ – изјави директорот на СЦ Борис Трајковски, г-дин Златко Перински.

Повеќе...

„Воведувањето новини со пристигнување на новиот менаџмент е процес, кој се разбира, е во интерес на граѓаните и веруваме дека ќе придонесе кон дополнително зголемување на интересот за содржините во СЦ „Борис Трајковски”. Ова е најголемиот спортски центар во Републиката, со огромен број содржини и можности, па истиот мора да е достапен за што поширок број граѓани. Токму затоа започнуваме со нова понуда во форма на промотивни пакети, кои се инспирирани од мисијата на СЦ „Борис Трајковски” – поттикнување на спортувањето и водењето здрав живот”, вели Златко Перински, новиот директор на спортскиот центар.

Повеќе...