Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Соопштенија

Oдбележана 11-годишнината од трагичната несреќа во која животот го загуби Претседателот Борис Трајковски

„Пред споменикот на Претседателот Трајковски на платото пред СЦ Борис Трајковски, покрај Директорот Златко Перински, почит оддадоа и Претседателот на Советот на Општина Карпош, г-дин Сашо Лазаревски, Директорот на Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, претставници на РК Металург, претставници на Спортското радио, како, претставник на Фондацијата „Борис Трајковски” и Претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, г-дин Борче Боев.”

Повеќе...

,,Како Директор на СЦ Борис Трајковски, ми претставува задоволство што денеска ја претставуваме заедничката соработка помеѓу ,Спортскиот центар Борис Трајковски и ,Драмски Театар- Скопје. Горди сме за ова убаво и уникатно партнерство затоа што границите на овие институции се прошируваат и интересите се зголемуваат. Ова е одлична иницијатива за соединување на корисниците на две врвни институции, кои ќе имаат можност да ги поврзат спортувањето и уметноста. Посетителите на ,Драмски Театар- Скопје ќе можат да добијат попуст на услугите на дел од капацитетите на Спортскиот Центар, како Фитнес центар, Кугланата, Аеробик и Пинг Понг центарот и Пливачкиот базен,изјави Златко Перински, директор на СЦ ,Борис Трајковски.”

Повеќе...

„Во 2015 година, првата новина од СЦ „Борис Трајковски” е воведување на пакети за утринска рекреација. Во истите, вклучено е користење на базенот или фитнес центарот, во периодот од 7:00  часот наутро до 12:00 часот. Со формирањето на овие пакети, веруваме дека ќе успееме во остварување на предизвикот – да наметнеме стандард за започнување на денот со физичка активност на што поголем број граѓани. За светот ова е позната практика, но кај нас сеуште нема култура за утринска рекреација, нешто што веруваме дека, како најголем спортски центар во Македонија, можеме да го промениме, изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Повеќе...

„Задоволна сум од резултатите и од она што го покажавме на натпреварот.Децата добија големи пофалби за трудот и желбата за напредок од судиите. Ова беше само второ натпреварување во историјата на уметничкото лизгање како нов спорт во Република Македонија, и секако треба да бидеме навистина горди на резултатите кои ги постигнуваме, со оглед на фактот што овие деца само втора година тренираат на вистински мраз. Условите во СЦ „Борис Трајковски” се навистина одлични, и се токму она што е потребно за развојот на овој спорт. Сезоната допрва започнува, а до крајот ќе учествуваме на уште пет натпреварувања”, изјави Ксенија Јестшењски Симиќ, тренер на клубот по уметничко лизгање во СЦ „Борис Трајковски”. 

Повеќе...

„Би сакале да Ве информираме, дека заклучно со завршувањето на Меѓународниот турнир во хокеј кој се оддржa на 15-ти и 16-ти ноември, во употреба e пуштено игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски”. И оваа зимска сезона, покрај часовите за рекреативно лизгање и тренинзите по хокеј, граѓаните ќе имаат можност и за рекреативно користење на игралиштето,”  изјави г-дин Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Повеќе...