Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Соопштенија

Меѓународниот натпревар “Novi Sad na Ledu” 2017 во Уметничко Лизгање, злато, сребро и две бронзи за Македонските лизгачи

На Меѓународниот натпревар “Novi Sad na Ledu” 2017 кој се оддржа на 24.12.2017 година во Нови Сад, во конкуренција од 50 натпреварувачи од Р.Србија, Р.Хрватска и Р.Македонија, Македонските натпреварувачи освоија:

Златен медал во категоријата Кадети А – мажи Јан Стојановски  и

Сребрен медал во категоријата Кадети А – жени Јана Куковска.

Две бронзени медали освоија и нашите натпреварувачки: Тина Вичишка и Снежана Тунеска во интерпретативните категории.

Ова е прв меѓународен натпревар сезонава, а истата ја стартувавме со нов тренер од Белорусија- Vitaly Luchanok. Со новиот врвен тренер, очекуваме подобрен квалитет во настапите и уште подобри резултати до крајот на сезоната, а и во иднина.

Оваа заложба и резултати им ја должиме пред се на спортистите кои во изминатиов период напорно работеа, но и на големата поддршка што како Федерација ја имаме од СЦ Борис Трајковски, Агенцијата за Млади и Спорт и Македонскиот Олимписки Комитет.

Директорот на Спортскиот Центар “Борис Трајковски” г-динот Александар Петровски денес им го честиташе успехот на натпреварувачите и им посака уште поголеми успеси.
Федерацијата за Лизгачки спортови и СЦ Борис Трајковски се сложија дека подобрените услови за тренинзи, новиот квалитет во тренерскиот кадар и посветеноста на натпреварувачите можат да го издигнат Уметничкото лизгање во Македонија на заслужениот Олимписки Спорт.

Претседател на Федерација за Лизгачки спортови на Македонија
Цветанка Макаровски

Денеска се потпиша договор за соработка помеѓу Центарот за едукација и менаџмент во спортот – ЦЕМС и Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ за унапредување на спортот и развој на идните спортисти. Планирани се многу стручни семинари, активности и конкретни настани во спортот наменети за клубовите, спортските работници и младите спортисти.

Заврши уште едно издание на турнирот во хокеј “Скопје Ајс Фестивал”. Натпреварите се одиграа изминатиот викенд од 08-10.12.2017 година на Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО, а учество на турнирот годинава земаа екипи од Германија, Унгарија и Македонија.

Хокеарскиот клуб Рајман од Германија е освојувач на 6-от традиционален „Скопје ајс фестивал“. Тие во финалниот меч го совладаа домашниот тим Металург со 7:2. Третото место на турнирот го освои екипата Торпедо од Букурешт.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Дмитриј Прокудин од Металург.

Vip ЛИЗГАЛИШТЕТО во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ и официјално отворено за сите љубители на добрата забава на мраз. Овогодинешната сезона беше отворена со спектакуларна забава на мраз со денс атракцијата “Битрикс кру”, а за добрата музика беше задолжен ДЈ Бугимен.

Лизгалиштето е отворено за сите љубители на рекреативното лизгање и убавината да се лизга на вистински мраз и воедно нуди одлични услови кои се мотивација за деца и млади луѓе кои ќе одлучат да ги изучуваат тајните на уметничкото лизгање во школата за уметничко лизгање.

Подгответе се за зимски лудории, Ве очекуваме!

Спортски Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ 

“Vip Лизгалиштето во Спортскиот центар Борис Трајковски, од денеска ја започнува новата сезона. Покрај термините за рекреативно лизгање тука се и Школата за уметничко лизгање и хокеј тренинзите. Уживањето и добрата забава на лизгањето на вистински мраз е загарантирана.

Билет за рекреативно лизгање со вклучени лизгалки чини 150.00 ден, билет без лизгалки чини 100.00 ден, додека за групна посета (над 30 луѓе) со вклучени лизгалки билетот изнесува 100.00 ден.

Распоредот на термини можете да го погледнете тука:

http://scboristrajkovski.gov.mk/kapaciteti/pdf/temini-lizgaliste-17-18-n.pdf

Подгответе се за уживање на мразот, Ве очекуваме!

Ice-Skating