Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Бесплатна професионална обука за почетници повторно во СЦ Борис Трајковски

Во сабота 22.04.2017 со почеток од 10,00 часот Спортскиот центар Борис Трајковски, уште еднаш ќе ја покаже својата општествена одговорна страна, која годиниве наназат ја гради како институција. Главна причина за ова е најавениот отворен час по тенис познат како „Ајде да играме тенис“. Имено сите граѓани кои се вљубеници во тенисот или пак изразуваат желба да ги запознаат основите на тенисот како спорт, ќе имаат можност за бесплатна професионална обука која ќе се одржи на Вип тениските терени во склоп на СЦ Борис Трајковски.

Од Раководството на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, нагласуваат дека овој час ќе биде бесплатен за сите заинтересирани граѓани, а истиот ќе биде наменет за сите лица кои се почетници во тенисот, но и за сите оние кои имаат желба да се запознаат подобро со убавините на овој спорт. Со цел да се присуствува на бесплатниот отворен час по тенис, „Ајде да играме тенис“, се наведува дека е потребно секое заинтересирано лице да се пријави на телефонскиот број 078361632 или пак директно на касата на Вип тениските терени. Во зависност од бројот на пријавените, ќе се формираат групи кои ќе бидат обучени од двајца професионални тренери по тенис, кои пак ќе го пренесат своето знаење и вештини на идните рекреативци или професионални тенисери.

- „Ајде да играме тенис“ е проект кој го воведоме минатата сезона, и на мое огромно задоволство се покажа како мошне успешен проект. Како Спортски Центар одлучивме и оваа сезона да го спроведеме овој проект и да им овозможиме на сите заинтересирани граѓани и вљубеници во тенисот , бесплатен професионален час по тенис. Истиот ќе се одржи на Вип тениските терени во склоп на Спортскиот Центар Борис Трајковски претстојната сабота со почеток од 10,00 часот. Секое лице кое ќе пројави интерес за да научи нешто повеќе за убавините на овој спорт , ќе има можност да се пријави за бесплатен час кој ќе биде под капата на искусни професионални тренери по тенис.

Имаме позитивен став кон очекуваниот одзив од страна на спортските ентузијасти и љубителите на тенисот и јас искрено се надевам дека ова е само дел од спортските активности кои што граѓаните очекуваат да се реализираат во иднина во склоп на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ - изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски“

Пријавувањето ќе започне од денес 19.04.2017 и ќе трае заклучно со 21.04.2017 (петок), а право на пријавување ќе имаат сите лица од 6 до 18 годишна возраст. Дополнително, при процесот на пријавување, ќе биде задолжително да се наведе возраста на лицето кое ќе пројави интерес да посетува бесплатен час по тенис.