Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Скопје, 03.09.2016 година

Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ ја има честа, а воедно и обврската да ја исполни својата општествена одговорност, па за таа цел потпиша меморандум за меѓусебна соработка со Општинското здружение на глуви и наглуви ТИШИНА Карпош, Скопје.

Ваквиот меморандум за меѓусебна соработка помеѓу Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ и Општинското здружение на глуви и наглуви ТИШИНА Карпош, Скопје, им овозможува на членовите на здружението бесплатна рекреација во Vip Мала сала, секоја Недела со почеток од 14.00 часот до 15.00 часот во период од 01.09.2016 година до 31.05.2017 година.

На наше огромно задоволство мораме да истакнеме дека особено ни е драго што се повеќе различни категории на граѓани имаат можност да ги искористат капацитетите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ и се она што нуди.

Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ како успешен спортски правен субјект и понатака ќе продолжи со исполнување на својата општествена одговорност, со цел поттикнување и развој на спортскиот дух кај различни категории на граѓани.

memo-gluvi-16

Со почит,
СЦ Борис Трајковски