Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Почитувани,

На наше огромно задоволство сакаме да Ви се пофалиме со уште еден новитет од редовите на СЦ Борис Трајковски, кој ќе биде достапен од денес па натака, а тоа е Аква пилатесот. СЦ Борис Трајковски е познат по воведувањето новитети во нашата држава, притоа нудејќи им можност на посетителите да уживаат како во професионалниот, така и во рекреативниот пристап кон спортовите и дисциплините кои ги нуди.

Сите оние кои ќе сакаат да вежбаат Аква пилатес, ќе можат да го сторат тоа во текот на летниот период во Вип АКВА ПАРКОТ при СЦ Борис Трајковски, во вторник и четврток со почеток во 19:30 се до крајот на летото, додека пак во текот на зимскиот период односно од септември па се до јуни тренинзите ќе се одржуваат во ВипБАЗЕНОТ при СЦ Борис Трајковски. На наша драга волја доколку има преголема заинтересираност ќе отвориме можност за тренинзи и другите денови од неделата.

Нашиот најголем подарок за нашите верни посетители во текот на летото ќе биде можноста бесплатно да може да вежбаат Аква пилатес, по принципот ПРВ ПРИЈАВЕН-ПРВ УСЛУЖЕН. Веднаш по завршувањето на летниот период, ќе бидат оформени групи, а најпозитивната работа е што цените се задржани исто како и досегашната понуда за аеробик и пилатес од 1500 денари за месечен билет со 3 пати неделно тренинзи поради интензитетот на вежбање. Аква пилатесот ќе биде достапен за сите граѓани кои имаат навршено 18 години.

Аква пилатесот своите почетоци ги датира од Лондон од пред неколку месеци и е вистински новитет на светската тренинг мапа, а ние ја имаме можноста да го донесеме први на овие простори, притоа да бидеме и единствени во регионот.

Целта на Аква пилатесот е зајакнување на физичката подготвеност и покревање на повисоко ниво на функционалност на мускулите и телото. Препорачлива дисциплина е за спортистите и зајакнувањето на нивната подготвеност, за лицата кои имаат потреба од рехабилитација од било каков вид, но и за сите оние кои сакаат да се во одлична форма и физичка сила. Таргет на Аква пилатесот овозможува мускулите на целото тело кое се зацврстува преку вежбањето за целосно негово оформување и главна суштинска карактеристика, одржување на балансот на вода преку вежбите со што го прави и еден од најдобрите начини за правилно оформување на телото. Вежбите се изведуваат на подлоги кои лебдат на површината на водата со димензии 60цм ширина и 200цм должина.

Часовите ќе бидат изведувани од лиценциран фитнес инструктор Ивица Митов, кој е со повеќе годишно искуство во делот на фитнесот и јога, аеробик и пилатес. Тој воедно е одговорен и за успешниот проект јога за трудници, кој исто така беше новитет во нашата држава, а реализиран од тимот на СЦ Борис Трајковски.

Ве покануваме сите оние кои сте заинтересирани заедно да вежбаме и да го профилираме нашето тело во духот на спортот, здравиот живот и успешната реализација на спортистот во нас. Вратите на СЦ Борис Трајковски се отворени за сите посетители.

Ви Благодариме на довербата.

Со почит,
СЦ Борис Трајковски