Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

(Скопје 30.05.2016) Вистинскиот успех се гради константно но пополека. Секој чекор, секоја одлука носи одреден ризик и нови очекувања. Она што е најважно во овој свет на иновации и динамичност е да се остане доминантен и стабилен во својот успех.

Овој месец токму една ваква приказна го слави осум годишниот успех. Еден од врвно опремените и најпознати комплекси во РМ, Спортскиот Центар Борис Трајковски овој месец го посветува на својот осми јубилеј. Спортскиот Центар Борис Трајковски ги воздигна спортските, музичките и воопшто културните манифестации на многу повисоко ниво и им овозможи на македонските граѓани најпродуктивно и рационално да го искористат своето слободно време во врвно опремените капацитети. Центарот кој го носи името на трагично загинатиот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски (1956-2004) претставува мултифункционален објект за рекреација, сите видови спортови и најразлични културно – музички настани и манифестации. Владата на Република Македонија во својство на единствен основач во 2008-та година на територијата на Град Скопје во Општина Карпош го изгради  Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје (порано позната: Повеќенаменска сала) кој до денес видно  го измени и прошири својот капацитет.

Спортскиот Центар Борис Трајковски од своето постоење до денес овозможи максимално развивање на самоиницијативноста кај младите во врска со спортските активности но и како на здрав и правилен начин да го исполнат своето слободно време во текот на денот. Исто така, овој мултифункционален комплекс овозможи да се вивнат културните и музичките настани на повисоко ниво и тоа со остварување на максимална сатисфакција кај сите македонски граѓани, овозможи и беспрекорна соработка со различни институции и организации како на локално така и на национално ниво.

Следствено, Спортскиот Центар врши уникатна и масовна промоција на вредностите во спортот, создава услови за постигнување на врвни резултати, заштита и унапредување на интересите на спортот, спортистите и спортските клубови. Капацитетите на Спортскиот Центар Борис Трајковски беа и се сведок за многу пресвртни, успешни, неизвесни, адреналински и енергични спортски настани и музички концерти. Спортски настани што традиционално се реализираат секоја година од самото основање до денес како Европско првенство во ракомет за жени и мажи, Европски првенства на нашите репрезентации во кошарка и ракомет, КУП на Македонија во ракомет и кошарка, Квалификациски натпревари за европски и светски првенства на репрезентациите во кошарка, ракомет и одбојка, Светско првенство во кик-бокс, Златен Гонг-меѓународен боксерски турнир, Регионалната лига во кошарка и ракомет, Регионална лига во ракомет за жени се само мало сведочење за комплексот како епицентар на адреналинот во Македонија. Ваквите настани докажуваат дека овој комплекс претставува концентриран фокус на целокупните национални и меѓународни спортски настани што се реализираат во РМ што воедно претставува вистинско задоволство кај сите македонски навивачи кои со целосна посветеност и љубов од самите трибини во салата ја исполнуваат атмосферата со духот на патриотизам и сплотеност.

Континуираниот развој од секој аспект можете да се воочи со успешното и постепеното проширување на капацитетите преку следниве проекти: во 2008г. се изврши отворање на голема и мала сала и низ текот на годините се реализираше отворање на Куглана, Пинг Понг клуб, Аеробик Центар, Конгресна Сала, Хокеј Арена, Картинг Центар, Пливачки Базен, Центар за странски јазици – Логос Центар, сала за Бокс, се пушти во употреба и Карпа за качување, потоа имаше отворање на првиот рекреативен Аква Парк во Скопје, две двојни тениски игралишта, адаптација на арената во мултифункцонален терен за ракомет, кошарка и тенис но вреди да се напомене дека и во претстојните години нè очекуваат бројни идни иновации со цел да се достигне максимумот и да се оддржува истиот што е можно подолго во рамките на РМ и пошироко.

Иднината носи нови предизвици и потенцијални успеси кои ќе бидат резултат на поволни промени и досега реализирани проекти во склоп на капацитетите на Борис Трајковски преку соработката со Драмски театар Скопје, проекти од Министерство за здравство, рекреативни активности пред работа, рекорден број на концерти и еден од најважните предизвици и проекти претставува всушност поделбата на големата арена на три мултифункционални терени со што се овозможи истовремена реализација на три спортови во големата арена. Реализацијата на ваквите проекти е дополнително поттикната и мотивирана од позитивната финансиска состојба на овој комплекс низ изминативе години која што се карактеризира со раст на приходите и намалување на расходите, а воедно зголемување на интересот и масовноста кај македонските граѓани за посетување и учество во сите достапни активности во рамките на Спортскиот Центар Борис Трајковски.

“Сите овие новини се адаптирани кон потребите на нашите корисници и потребите на граѓаните и се надеваме дека ќе ја приближиме нашата понуда до што е можно повеќе граѓани. Исто така верувам дека ќе успееме да ги мотивираме оние кои сеуште не почнале да се занимаваат со спорт, токму сега да го сторат истото, а со тоа индиректно да придонесеме да се избегнат пороците од модерното живеење. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и во идина ќе продолжи да работи на промоција на спортот и спортскиот начин на живот, како наша главна определба, а се со цел да им овозможиме на граѓаните поквалитетни и подостапни услови за спортување. Нашиот план е десетгодишнината да ја прославиме со двојно зголемување на проекти но и на капацитети во центарот.” – изјави Директорот на Спортскиот Центар Борис Трајковски, Златко Перински.

Во 2016-та година, по примерот на сите најголеми светски арени, СЦ Борис Трајковски стана стратешки партнер со компанијата оне.Вип Во рамки на договорот се реализираше целосно брендирање на дел од капацитетите на  Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ под брендот Вип, како и именување на мултифункционалната спортска арена во “Вип АРЕНА” и дел од останатите спортски објекти соодветно. Договорот за соработка помеѓу оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ се потпиша во времетраење од две години, со можност за продолжување на уште две години.

Постоењето на ваквиот мултифункционален комплекс претставува благодет за нашата држава, поради тоа што сите важни и пресудни моменти што имаат опсег на национално ниво и се од спортски или културно-музички карактер се одвиваат на едно место каде што е позиционирана заедничката енергија и националното соединување на сите македонски граѓани. Во чест на јубилејот тимот на Спортскиот Центар Борис Трајковски изготви електронски времеполов на настани, а истиот можете да го погледнете на следниов линк: eлектронски времеплов.

Сите активни понуди и промоции, граѓаните можат да ги видат на новата веб страна на Спортскиот Центар Борис Трајковски www.scboristrajkovski.gov.mk и подетално да се информираат за понудените активности.