Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

 Безбедноста на сообраќајот на патиштата во нашата држава претставува примарна општествена одговорност на сите организации и поединци, каде особено важен е мулти-секторскиот пристап кон прашањата и проблемите од областа на сообраќајот на патиштата. Токму ова е единствен начин за намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на патиштата.

memorandum-rsbsp-scbt-640x427

Водејќи се од ова, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ потпишаа меморандум за соработка со цел партнерство и заедничка реализација на сообраќајно превентивни активности за едукација, тренинг и обука на учесниците во сообраќајот и подигање на нивната свест за одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Како составен дел од овој меморандум договорните страни посебно се обврзаа да преземат мерки и активности за подобрување на безбедноста на ранливите групи учесници во сообраќајот, како што се пешаците и велосипедистите и пред се возачите почетници.

“Меморандумот претставува основа за понатамошна успешна соработка во реализацијата на сообраќајно превентивни активности кои веруваме ќе дадат сериозен придонес во подобрувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на последиците од сообраќајните незгоди“, истакнаа страните потписнички на меморандумот, истовремено повикувајќи ги сите поединци и деловни субјекти да покажат повисоко ниво на лична, корпоративна и општествена одговорност преку свој придонес кон побезбеден сообраќај.