Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Информација

СЦ Борис Трајковски руши рекорди: 10 концерти за повеќе од еден месец

Скопје (1.12.2015) Националната арена СЦ Борис Трајковски руши рекорди во организација на настани и полниот календар во овој период од годината. Освен со секојдневните професионални и рекреативни тренинзи во пливање, фудбал, кошарка, лизгање, фитнес и останатите спортови кои се застапени во нашата најголема арена, за истакнување се и музичките и спортските настани кои го полнат целиот капацитет на салата. Со постоење од скоро 8 години, нашата најголема арена постојано се труди да го разигра, разубави, но и да го исполни секојдневието на нашите граѓани.

„Од 12-ти ноември до 26-ти декември полниот календар на настани го радува целиот тим и морам да признам дека и пријатно не изненади. Салата ќе биде 10 пати изнајмена за концертни случувања од кои три дена имавме редоследно полнење на капациетот за време на одржувањето на Златно Славејче. Потоа тука се и големите спортски настани, чија бројка е исто така голема. Станува збор за 8 спортски настани кои се организирани или ќе се организираат во овој период од годината. Нашиот тим постојано се труди да биде секогаш отворен за барањата и исполнувањата на желбите на сите граѓани од државата и се трудиме да ги задоволиме сите потреби, тргнувајќи од спортските настани и рекреативните тренинзите, па се до музичките концерти со големи имиња од нашата земја, регионот и светот. Се надевам дека успеваме во целта да ги задоволиме сите барања на нашите граѓани ипритоа да оставиме печат во скопското секојдневие. Овој рекорд е само поттик за сите нас да бидеме уште подобри, изјави Директорот на СЦ „Борис Трајковски“,Златко Перински.