Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Празнично викенд уживање: „Skopje Ice Festival“во СЦ Борис Трајковски

Традиционално ослободувањето на Скопје и оваа година ќе биде прославено со силен спортски турнир кој ќе се одржи во СЦ Борис Трајковски. Имено, станува збор за меѓународниот турнир во хокеј на мраз, Skopje Ice Festival,на кој освен нашиот Металург, кој всушност е Македонската репрезентација во хокеј и минатогодишен освојувач на Балканската хокеј лига и турнирот во СЦ Борис Трајковски, ќе учествуваат и силни и атрактивни тимови од Грција, Бугарија, БИХ, Србија и Словенија. Освен хокеарскиот турнир, во СЦ Борис Трајковски традиционално ќе биде одржан и интернационалниот Ватерполо турнир кој ќе трае од петок до недела, 45-от боксерски меѓународен турнир Златен Гонг (сабота и недела), а шлаг на тортата е концертот на Ѓорѓе Балашевиќ во нашата најголема спортска арена на 14-ти ноември.

„Горди сме што можеме да кажеме дека веќе традиционално за време на 13-ти ноември организираме неколку спортски големи настани во СЦ Борис Трајковски. Skopje Ice Festival станува еден од посилните турнири во хокеј кога станува збор за нашиот регион. Поврзувањето со 13-ти ноември, празникот со кој се слави ослободувањето на Скопје и меѓународен карактер на турнирот, му даваат шмек на хокејот, спорт кој полека станува се популарен помеѓу нашите граѓани. Од петок до недела граѓаните на Скопје, но и целата Македонија ќе имаат шанса да уживаат во силните хокеарски натпревари и притоа да бидат сведоци на вистинска машка борба која што ќе се одвива на мразот. Ни доаѓаат навистина силни екипи од Грција, Србија, Бугарија, БИХ и Словенија, а тука секако е и минатогодишниот шампион, нашиот Металуг. Потоа во базенот на СЦ Борис Трајковски од петок до недела ќе се одржи интернационален Ватерполо турнир на кој ќе настапатд два клуба од Бугарија, еден од Србија и македонскиот Бета од Скопје. Спортскиот викенд ќе биде заокружен со традиционалниот 45-ти интернационален боксерски турнир Златен Гонг кој ќе се одржи на 14-ти и 15-ти ноември. Идејата е 13-ти ноември, повторно биде убав повод за спортски активности од меѓународен карактер, преку кои се афирмира спортот и спортското живеење, изјави Златко Перински, Директор на СЦ Борис Трајковски.

Освен Металург, кој всушност е македонската репрезентација во хокеј и е минатогодишен освојувач на Skopje Ice Festival и шампион на Балканската хокеј лига, во Скопје ни доаѓа Грчкиот Ираклис Солун, кој  е поранешен првак на Грција во хокеј и за него играат неколку грчки репрезентативци, Вукови Сараево од БИХ кој всушност е босанската репрезентација во хокеј, српскиот тим Спартак Суботица кој е минатогодишен финалист на Skopje Ice Festival и повеќекратен првак на поранешна Југославија во хокеј, Блед, Славија Љубљана и Блејски Витези се познати и едни од најдобрите екипи во Словенија како и бугарските тимови Славија Софија кој е повеќекратен првак на Бугарија во хокеј и таму играат 6 бугарски репрезентативци и Ред Стар Софија, која е една од подобрите бугарски екипи во хокеј.

„Нашата цел е секоја година да имаме што посилни екипи и поатрактивен меѓународен турнир со кој ќе го одележиме празникот на нашиот главен град. Кога ќе се погледнат тимовите кои што овојпат доаѓаат во Скопје веднаш доаѓаме до сознание дека станува збот за навистина силен турнир во кој се собрани познати и реномирани балкански хокеарски екипи. Ги поканувам граѓаните на Скопје да дојдат од петок до недела во СЦ Борис Трајковски и да уживаат во хокеарските збиднувања и атрактивните натпревари. За тие пак што ќе останат во своите домови овозможивме директни пренеси од полифиналињата, натпреварот за 3то место и фанале на нашата официјална веб страна, изјави Никола Тасев, Претседател на хокеарската федерација на Македонија .“

Skopje Ice Festival е под покровителство на СЦ Борис Трајковски и Градот Скопје.

Распоред на натпреварите:

Петок 13.11.2015

СПАРТАК – БЛЕЈСКИ ВИТЕЗИ     18:00 часот

РЕД СТАР – СЛАВИЈА                     19:00

МЕТАЛУРГ – БЛЕД                           20:00

СЛАВИА – БЛЕЈСКИ ВИТЕЗИ       21:00

ВУКОВИ – СЛАВИЈА                        22:00

Сабота 14.11.2015

БЛЕД – ИРАКЛИС 9:00

РЕД СТАР – ВУКОВИ 10:00

СПАРТАК – СЛАВИА 11:00

ИРАКЛИС – МЕТАЛУРГ 12:00

за 5-8 место 1 18:00

Полуфинале 1 19:00

Полуфинале 2 20:00

за 5-8 место 2 21:00

НЕДЕЛА 15.11.2015

за 7мо  место 8:00

за 5то место 9:00

за 3то место 10:00

ФИНАЛЕ за 1во место 11:00 часот

Повеќе информации за празничниот спортски викенд во СЦ Борис Трајковски можете да дознаете на официјалната страна на нашата национална арена: http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/

 Повеќе информации за Ice Skopje Festival можете да дознаете на официјалната страница на Хокеарската федерација на Македонија: http://www.hokej.mk/2015/skopje-ice-festival-2015/ како и на настанот на Facebook: https://www.facebook.com/events/1912882858936161/