Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Ексклузивни тренинзи во СЦ Борис Трајковски за нашите најуспешни Олимпијци, атлетите од Специјална Олимпијада на Македонија

Скопје (11.11.2015) Македонските најуспешни Олимпијци кои од ЛОИ во Лос Анџелес годинава се вратија дома со дури 10 медали, атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија, отсега ќе имаат ексклузивна шанса да тренираат во СЦ Борис Трајковски. Со ова тие добиваат нов мотив, шанса и што е најважно, одлични услови за постигнување на уште подобри резултати со кои ќе влезат во историјата на спортот во Македонија.

„СЦ Борис Трајковски ги следеше одличните настапи и резултати на нашите спортисти од Специјалната Олимпијада на Македонија на Летните Олимписки Игри во Лос Анџелес и морам да напоменам дека сме неизмерно горди на освоените медали. Од тука дојде и идејата да ги поддржиме овие атлети кои го остварија историскиот успех на нашата држава на Олимписки игри и да им овозможиме услови за интензивни тренинзи кои би резултирале со уште подобри резултати, многу медали и нова радост на нашата нација. Специјалната Олимпијада за овие луѓе има докажани бенефиции, како физички, на пример зголемена физичка кондиција и подобро здравје, туку и ментални, пред се поголема самодоверба, ентузијазам и исполнет социјален живот, задоволство и побогат живот исполнет со можности за дружење со своите врсници, патувања. Тука би истакнал дека најголемата придобивка е поголемата свест и прифаќањето на лицата со посебни потреби во секојдневието, изјави Директорот на СЦ „Борис Трајковски“,Златко Перински.

Со меморандумот нашите атлети ќе имаат можност ексклузивно да ги користат услугите на центарот, т.е да тренираат пливање три пати во неделата, а кошарка, пинг понг и бадминтон два пати неделно во СЦ Борис Трајковски.

„Со огромно задоволство ја отпочнуваме соработката со СЦ  Борис Трајковски. Нашата организација ќе добие партнер кој ќе и овозможи комплетно реализирање на предвидените активности од годишната програма. Со потпишувањето на меморандумот се продолжува позитивното искуство кое го имаме со пливањето, кое има утврдени термини понеделник, среда и сабота. Сега ќе можеме да креираме програма со фиксни термини и за кошарка, пинг понг, бадмингтон..Оваа соработка ќе ни овозможи регрутирање на повеќе атлети во Специјална Олимпијада Македонија, ќе овозможи ширење на волонтерскиот дух и она што е најзначајно ќе овозможи бесплатно спортување на лица со интелектуална попреченост со професионални ливенцирани тренери, волонтери во нашата организација. Се надевам дека ваквите примери ќе бидат следени и од други институции“, изјави Ана Петковска, Национален директор на Специјалната Олимпијада на Македонија.

На прес-конференцијата присуствуваа и нашите Олимпијци, пливачот Марио Мицковски и кошаркарот Горјан Стојковски. Марио на ЛОИ во Лос Анџелес освои злато на 25 метри слободен стил и сребро 50 метри, додека Горјан заедно со нашите кошаркари освои сребро.

Интересно е тоа што на ЛОИ во Лос Анџелес нашите атлети од Специјалната Олимпијада на Македонија во сите олимписки дисциплини во кои се натпреваруваа, атлетика, пливање, пинг понг и Јунифајд кошарка, освоија медали. Да се надеваме дека на следните Олимписки игри нашите спортисти ќе не израдуваат со уште повеќе медали и резултати со кои ќе се гордееме во иднина.