Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Јогата за трудници во Спортскиот Центар ,,Борис Трајковски”, се покажа како полн погодок за сите идни мајки

,,Чест ми е да ја изразам мојата благодарност кон Министерството за Здравство, кои безрезервно го поддржаа овој проект. Драго ми е што голем број на трудници се пријавија и вежбаат јога и на тој начин позитивно влијаат  на својата бременост. Сите заинтересирани трудници можат да се пријават за часовите по јога секој работен ден во просториите на СЦ ,,Борис Трајковски”- изјави Златко Перински, директор на СЦ ,,Борис Трајковски”

,,Огромно е задоволството што еден ваков проект наиде на огромен интерес кај трудниците. Уште од самиот почеток успеавме да регистрираме 45 трудници кои беа заинтересирани за посетување на ваков вид на часови. Во текот на овие 4-ри месеци бројката се намалуваше и растеше во однос  на тоа како се завршуваше циклуцот на бременост кај едни така се пријавуваа нови идни мајки.-”, изјави Ивица Митев, инструкотр по јога и координатор на проектот

Скопје(16.07.2015) Спортскиот Центар Борис Трајковски во соработка со Министерстото за Здравство, од 1-ви март започнаа со бесплатни часови по јога за трудници. Поради летните одмори, од 28-ми јули до 15-ти август проектот ,,јогата за трудници” ќе биде паузиран.

,,Чест ми е да ја изразам мојата благодарност кон Министерството за Здравство, кои безрезервно го поддржаа овој проект. Драго ми е што голем број на трудници се пријавија и вежбаат јога и на тој начин позитивно влијаат  на својата бременост. Сите заинтересирани трудници можат да се пријават за часовите по јога секој работен ден во просториите на СЦ ,,Борис Трајковски”- изјави Златко Перински, директор на СЦ ,,Борис Трајковски”

Проект кој до сега се покажа како повеќе од успешен се мери според бројот на пријавени трудници. Координаторот на проектот, Ивица Митев не го крие задоволството од постигнатите резултати до сега.

,,Огромно е задоволството што еден ваков проект наиде на огромен интерес кај трудниците. Уште од самиот почеток успеавме да регистрираме 45 трудници кои беа заинтересирани за посетување на ваков вид на часови. Во текот на овие 4-ри месеци бројката се намалуваше и растеше во однос  на тоа како се завршуваше циклуцот на бременост кај едни така се пријавуваа нови идни мајки. Да напоменам дека во изминатиот период на одржување на часовите немаше никаква несакана ситуација ниту пак потреба од интервенција на лекар кој е пристутен на часовите.-”, изјави Ивица Митев, инструкотр по јога и координатор на проектот

Трудниците кои ги посетуваат бесплатните јога часови во СЦ ,,Борис Трајковски” се благодарни и задоволни затоа што јогата им помогнала многу додека на свет го носеле своето новороденче.

,,Огромно благодарам за ова искуство. Мојот чин на породување помина без никаков проблем по моето и по здравјето на моето дете. Со помош на вежбите на јога часовите научив како да го исконтролирам начинот на дишење со што и го намалив стресот околу самиот чин. Огромно благодарам и до инструкторот за неговата посветеност околу часовите, но и околу нас како трудници со што ни помогна полесно и поздраво да го пребродиме овој период. Со чиста совест ја препорачувам на сите трудници јогата како начин на вежба за полесно да го поминат периодот на бременост како и самиот чин на породување.- изјави Славица Тодоровска- Димитровска, мајка

Поради летните одмори, од 28-ми јули до 15-ти август проектот ,,јогата за трудници” ќе биде паузиран. Часовите по јога повторно ќе започнат на 15-ти август. Сите заинтересирани трудници можат да се пријават за часовите по јога секој работен ден во просториите на СЦ ,,Борис Трајковски”, како би земале учество на часовите.

Важно е да се напомене дека јогата за трудници е комплетно прилагодена на оваа состојба кај жените и поделена во три фази согласно развојот на бременоста. Како мерка на претпазливост, сите бремени жени кои ќе ги посетуваат бесплатните часови по јога за трудници ќе треба да се консултираат со својот лекар, за својата физичка способност како би се избегнале несакани последници.

Јогата за трудници е голема добивка за време на бременоста, но и во периодот на прилагодување на новостите кои истата ги носи во нашите животи. Така се влијае на подигнувањто на квалитетот на живењете и ослободување од стресот. Како најголем спортски комплекс во државата, целта и должноста е да се продолжи со промоција на спортот и доближување на здравиот начин на живот до граѓаните. СЦ „Борис Трајковски” ќе продолжи и понатаму со воведување нови содржини кои ќе бидат инспирирани од граѓаните, и ќе ги следат нивните потреби и интереси.