Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

 scbt-izganje

Со натпреварувачи во сите категории, членовите на клубот се закитија со низа медали, додека новите членови-дебитанти се стекнаа со значително искуство за понатаму. Овие млади луѓе,во силна конкуренција и пред широк аудиториум покажаа голем ентузијазам, спортски дух,борбеност и беспрекорно ги бранеа боите на својата земја.

-Не можевме да посакаме подобар крај на сезоната, се збогуваме со активниот дел, но веќе сме наоружани со многу нови планови и амбиции за сезоната што доаѓа. Дополнително не радува порастот од 12% на вкупниот приход за оваа сезона, како доказ за успешно реализираната програма и визија, изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Тој исто така, додаде дека е горд на сето она што е постигнато периодов и дека позади тоа стои еден беспрекорен тим, грижа и поддршка.

- Посакувам децата да имаат уште повеќе прилики и услови за усовршување и јакнење на своите способности. Продолжуваме понатаму уште поенергично, крајната цел не ни се наградите, туку будење на љубовта кон овој спорт на што повеќе дечиња, се со цел промовирање на здраво општество и спортувањето како здрава и неопходна животна навика, резимираше Перински.