Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Скопје(22.02.2015) Спортскиот Центар Борис Трајковски во соработка со Министерстото за Здравство, организираат бесплатни часови по јога за трудници.Jогата е духовна, ментална и спиритуална вежба за дисциплина позната уште од 5 век пред нашата ера, а нејзините главни карактеристики се состојат во емотивниот баланс кој го предизвикува, учењето на правилно вдишување и издишување кое потоа се аплицира на нашето секојдневно живеење и, нејзината моќ да не ослободи од стресот.

,,Како одговорен за СЦ Борис Трајковски, ми претставува задоволство што денеска, претставуваме проект, за кој веруваме дека ќе има голем одзив и интерес. Во соработка со Министерството за Здравство, СЦ Борис Трајковски ќе биде првата институција во Република Македонија, во која ќе бидат организирани бесплатни часови по јога за трудници. Грижејќи се за здравјето на идните мајки, преку искористување на бенефитите на јогата, веруваме дека ова е одлична нова активност, која само ќе ја дополни и онака богатата спортска понуда на СЦ Борис Трајковски.Важно е да се напомене дека јогата за трудници е комплетно прилагодена на оваа состојба кај жените и поделена во три фази согласно развојот на бременоста. Како мерка на претпазливост, сите бремени жени кои ќе ги посетуваат бесплатните часови по јога за трудници ќе треба да се консултираат со својот лекар, за својата физичка способност како би се избегнале несакани последници. Дополнително, благодарение на Министерството за здравство, на секој час ќе биде присутно медицинско лице за дополнително зголемување на сигурноста кај трудниците, изјави Г-дин Златко Перински директор на СЦ Борис Трајковски. ”

Часовите по јога за трудници ќе се оддржуваат двапати неделно, а во зависност од интересот ќе бидат определени и нови термини. За почеток, термините се:

Група1: Понеделник  и Четврток од 17:00 часот
Група 2: Вторник и Петок од 17:00 часот
Група 3: Среда и Саботаод 17:00 часот.

Јогата за трудници е голема добивка за време на бременоста, но и во периодот на прилагодување на новостите кои истата ги носи во нашите животи. Такасе влијае на подигнувањто на квалитетот на живењете и ослободување од стресот.

Инструктор на часовите по јога за трудници ќе биде Ивица Митов, а како датум за почеток на истите е одреден 1-ви март 2015 година.

Како најголем спортски комплекс во државата, целта и должноста е да се продолжи со промоција на спортот и доближување на здравиот начин на живот до граѓаните. СЦ Борис Трајковски ќе продолжи и понатаму со воведување нови содржини кои ќе бидат инспирирани од граѓаните, и ќе ги следат нивните потреби и интереси.