Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Скопје (11.02.2015) Спортскиот Центар „Борис Трајковски”, новата година ја започнува со промоција на два пакети, кои спаѓаат во делот на утринска рекреација, а се однесуваат на спортувањето во раните утрински часови. Утринското спортување е одлично за организмот и вистински начин да се започне денот, па СЦ „Борис Трајковски” се одлучи за создавање понуда која вклучува користење на дел од содржините, во утринските  и претпладневните часови.

„Во 2015 година, првата новина од СЦ „Борис Трајковски” е воведување на пакети за утринска рекреација. Во истите, вклучено е користење на базенот или фитнес центарот, во периодот од 7:00  часот наутро до 12:00 часот. Со формирањето на овие пакети, веруваме дека ќе успееме во остварување на предизвикот – да наметнеме стандард за започнување на денот со физичка активност на што поголем број граѓани. За светот ова е позната практика, но кај нас сеуште нема култура за утринска рекреација, нешто што веруваме дека, како најголем спортски центар во Македонија, можеме да го промениме”, изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Пакетите за користење на базенот или фитнес центарот, во периодот од 7:00 до 12:00 часот, имаат цена од 1000 денари. Истата се однесува на можноста, содржината да се користи во текот на секој ден од месецот.

Спортскиот Центар „Борис Трајковски” продолжува со праксата на воведување новитети, следејќи го нивниот начин на живот. Притоа, главната цел е да се поттикнат граѓаните да спортуваат и да практикуваат здрав живот.