Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

bazen1-1728x800 c

Спортскиот Центар „Борис Трајковски”, овој викенд ќе биде домаќин на Интернационалниот пливачки натпревар, кој на 15-ти и 16-ти ќе се одржи во базенот во состав на СЦ Борис Трајковски.

Истиот се одржува во состав на Деновите на спортот, организирани по повод 70 годишнината од ословодувањето на град Скопје. Во организација на ПК Бета – Скопје, и техничкиот организатор СЦ Борис Трајковски, навистина квалитетни имиња ќе бидат дел од ова интернационално натпреварување.

”Да се биде домаќин на ваков турнир на кој своето учество го потврдија врвни пливачки имиња, воедно учесници на најголемите светски пливачки собири, е навистина голема чест. На задовоство на сите љубители на пливањето, би сакале да ја најавиме агендата на натпреварувањето која е поделена во два дела – саботна програма која започнува во 09:00 часот со квалификациите, продолжуваат со загревање во 16:00 часот, а официјалните натпревари почнуваат во 17:00 часот. Истиот распоред важи и за неделната програма, кога натпреварите ќе започнат во истиот термин. Ова е покана за сите оние кои се во можност, да дојдат и да го проследат турнирот кој ќе биде со навистина силна конкуренција”, изјавија од ПК Бета, организатори на турнирот.

Се очекува вкупен број од околу 400 натпреварувачи од клубови од Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска, Романија, Германија, Грција, Албанија и Македонија. Дел од овој турнир ќе бидат Силаџи Чаба од Србија (учесник на 2 Олимпијади – Пекинг 2008 и Лондон 2014, освојувач на бронзен медал на европското првенство 2008г., освојувач на сребрен и бронзен медал наМедитеранските игри 2009г и бронзен медал во 2013, бронзен медал на Универзијада 2009, сребро на Светско првенство во јуниори 2006, сребро на Европско првенство за јуниори 2007 и злато и сребро на првенството во 2008), Мартин Зелев од Бугарија (полуфиналист на европското првенство во Унгарија, и учесник на Европско првенство 2011, Светско првенство 2012, Европско првенство 2012, Универзијада 2013, Европско првенство 2013, Европско првенство 2014), Тјаша Возел од Словенија (финалист на Европското првенство 2012, учесник на Светското првенство 2011, Европското првенство 2012 и 2013 и учество на Олимпијада Лондон 2012).

Натпреварите ке се одвиваат во 6 категории и тоа во апсолутна (1998-1999,2000-2001,2002-2003,2004-2005,2006) и помлади во Машка и Женска категорија одделно. За сите дополнителни информации, граѓаните ќе можат да ја посетат новата редизајнирана веб страна, која треба да стане главен информатор за сите содржини и активности поврзани со СЦ „Борис Трајковски”. Конечно, веб страната ќе ги претстави и сите новитети, пакет понуди и промотивни активности кои најголемиот спортски центар во државата ги подготвува за граѓаните, а се насочени кон доближување на оваа институција до граѓаните.