Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

На 06.10.2014 (понеделник) со почеток во 19:00 во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде официјалниот старт на новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија. По петти пат кај нас, Бизнис Лигата на Македонија ќе биде место каде ќе се соберат вработените од најуспешните компании во земјава за да се забавуваат, рекреираат, да си ги одмерат силите во мал фудбал и да остварат нови бизнис контакти. 

„Им се заблагодарувам на сите учесници без кои ова натпреварување немаше да прерасне во едно од најелитните аматерски натпреварувања во регионот. Се надевам дека добро ќе се забавувате, ќе го подигнете својот тимски дух и ќе остварите нови бизнис контакти“ – изјави проект менаџерот на Бизнис Лигата на Македонија - Младен Ѓуроски, кој ги претстави компаниите - учеснички и начинот на натпреварување во овогодинешната Бизнис Лига.

“Би сакал да им се заблагодарам на сите медиуми кои се во сите овие 5 години поддржувачи на Бизнис Лигата на Македонија“ - изјави проект менаџерот на Бизнис Лигата на Македонија – Филип Николовски.

„Чест ни е што Спортскиот центар Борис Трајковски по петти пат ќе биде домаќин на Бизнис Лигата на Македонија. Ова случување им овозможува на вработените во компаниите – учеснички колегијалност, дружење, спорт и рекреација. Се надевам дека ќе имаме уште една успешна сезона на Бизнис Лигата на Македонија“ - изјави директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Златко Перински.

Оваа година свој допринос во Бизнис Лигата на Македонија даде и Јана Вода.

„Јана секогаш поддржува настани кои инспирираат на поздрав и поактивен живот. Оваа година чест ни е да бидеме дел од Бизнис Лигата на Македонија, случување кое веќе 5 години по ред го поврзува спортот и бизнисот“ - изјави Ана Чепељугин, маркетинг директор на Јана Вода.

Во следните десет месеци, деветнаесет екипи ќе се борат да остварат што е можно подобар пласман на табелата, да влезат во најдобрите осум и во елиминационото коло да го освојат шампионатот.