Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Соопштенија

Европска недела на спортот во Македонија / European Week of Sport Macedonia

Организаторите ја најавија Европската недела на спортот и ги поканија граѓаните да земат учество во активностите што следуваат! #BeActive

https://ekipa.mk/makedonija-ke-ja-zhivee-evropskata-nedela-na-sportot/

Големата сала во СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ со нов изглед, поставен е модернизиран висечки семафор по светски стандарди за сите спортови. Семафорот е поставен на централна најсилна точка во големата спортска сала, vip АРЕНАТА.

http://www.g-sport.mk/vest-statija/68503/foto-montiran-e-visechkiot-semafor-vo-boris-trajkovski

Почитувани,

Во изминатиов период интензивно се работи на подобрување на услугите во сите објекти во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.

Во “vipБАЗЕНОТ” се санираше кровната конструкција, се изврши реконструкција на електро инсталацијата и подобрување на осветлувањето, “vip Аква паркот” доби нов лик со комплетно нова опрема, отворен е третиот шанк, зголемен е бројот на лежалки, има и многу други мали новитети за целосно опуштање и забава на целото семејство.

Во моментов се завршува реновирањето на соблекувалните vo “vip АРЕНАТА” кои што добија сосема нов и модерен лик, од кои едната е ВИП соблекувална и истата е во завршна фаза од реновирање.

Исто така убрзано се работи на обезбедување на услови за монтирање на новиот централен семафор во “vip АРЕНАТА” кој што се надеваме дека ќе биде поставен до почетокот на Лигата на шампионите во ракомет во септември. Тоа ќе биде првиот семафор во Македонија од таков тип.

Понатаму во план е средување на озвучувањето и осветлувањето, трибините, позиции за новинарите и многу други работи со кои што СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ќе продолжи да биде најрепрезентативниот спортски објект во Република Македонија.

Ваш,
СПОРТСКИ ЦЕНТАР БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Топлото време и пеколните температури повторно ни се враќаат овој месец.

Најдоброто место за разладување покрај вода, вистинска забава, супер опуштена атмосфера и спас од горештините е Vip АКВА ПАРКОТ. Дали сте за опуштање во мрзливата река, спуштање по супер забавните тобогани или уживање во базенот со бранови сето тоа ќе го најдете во Vip АКВА ПАРКОТ. Да не ги заборавиме и најмалите кои што може да се забавуваат во детското катче со содржини специјално прилагодени за нив. Водени лудоии за сите генерации.

Повелете, Ве очекуваме секој ден од 10 до 19 часот.

Vip АКВА ПАРК

СПОРТСКИ ЦЕНТАР БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Повеќе...