Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“, ВИП тениските терени се припремаат со полна пареа. Главната причина е најавениот новитет во тековната програма на спортскиот центар, наменет за сите граѓани и спортски ентузијасти кои се вљубеници во тенисот. На 14.05.2016 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, за прв пат ќе се одржи првиот отворен час по тенис, насловен како „Ајде да играме тенис“.
Сезоната на ВИП Лизгалиштето за 2015-2016 година, во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски, официјално завршува во недела. Претставниците на центарот се задоволни со резултатите од изминатата сезона како и од зголемената заинтересираност на граѓаните да се вклучат во ваков вид на зимски спорт.
Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 12 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.
Скопје, (15 февруари 2016г) Денес оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ потпишаа договор за деловна соработка.
Кон крајот на 2017 година Македонија ќе добие затворена тениска арена и гимнастичарска сала по сите светски стандарди.
Скопје (1.12.2015)Националната арена СЦ Борис Трајковски руши рекорди во организација на настани и полниот календар во овој период од годината. Освен со секојдневните професионални и рекреативни тренинзи во пливање, фудбал, кошарка, лизгање, фитнес и останатите спортови кои се застапени во нашата најголема арена, за истакнување се и музичките и спортските настани кои го полнат целиот капацитет на салата.