Детски џагор и насмевки го разиграа СЦ Борис Трајковски

Поради брзиот начин на живот и постојаната трка со времето во нашето модерно секојдневие, родителите имаат се помалку слободно време да спортуваат заедно со своите деца и да ги научат на здрав живот уште од мали нозе. Денешните деца во споредба со останатите генерации помалку спортуваат, а нивните загрижени родители се обидуваат да најдат начин како да ги преку насмевка и игра да им го „влеат спортот во крвта“ на своите најмили.Токму „Спортот и семејните вредности“ денес беа промовирани на најубав можен начин, преку забава, спортување и дружење во СЦ Борис Трајковски на новата монтажно-демонтажна поставка за поделба на салата во 3 помали терени.Неколкуте познати македонски спортисти со своите семејства како Томи Стефановски, Врбица Стефанов, Ивце Пивце со својата Весела дружина, кловнови, паркур артисти, скокање во вреќи, влечење јаже, вртење хула-хоп, кој најдолго ќе реди со пинг понг топче, фудбал или ракомет, родителите и дечињата во игра со врзана една нога, куглање во сала со топка за ритмичка гимнастика, хокеј во сала, со пинг понг рекет носење на топка фудбал или кошарка до одреден простор, карате, тенис и слични игри беа на менито за сите семејства кои во неделата беа на најмасовниот семеен спортски настан.Пред повеќе од петстотини семејства, настанот го отворија Директорот на СЦ Борис Трајковски, г. Златко Перински, Директорот на Агенција за млади и спорт, г. Марјан Спасески како и Владимир Ѓорчев кој со своето семејство уживаше во миговите поминати на денешниот настан.


Печати