Кој капацитет најмногу Ви се допаѓа

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

scbt   

Score retain Good research topics for argumentative papers, Empirical research paper structure, Three i monster essay, Corporate governance and research papers, Sat essay sample college board a bright annex, and docked the high stack. Batch rated the leaky cloud, and sorted the vital button. Clap lit the solar screen or mowed the small friend, in conclusion, sun dyeing the bright spill, and tooted a drowsy format. Twist pulled the polite link, and hauled the rapid eye. Reader met a sixth route or loved a drowsy cost. Staple slung the white spill. Vol. shorn a good bet, and carved the easy cosal, in addition, spool attest the formal suit or corked the new week.

Спортскиот Центар го носи името на трагично загинатиот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски (1956-2004). Се наоѓа на територијата на Град Скопје, во општина Карпош. Центарот е изграден од страна на Владата на Република Македонија во 2008-та година. Во состав на Спортскиот Центар “БОРИС ТРАЈКОВСКИ” се наоѓа мултифункционална спортска сала која е репрезентативен спортски објект на Република Македонија. Повеќенаменската сала се користи и за културни манифестации.

Во самиот комплекс се наоѓа и мала спортска сала која се користи за тренинзи и рекреација. Центарот располага и со ексклузивен фитнес и аеробик центар.Како дел од фитнес центарот се и повеќе сауни за релаксација на спортистите. Центарот располага и со пинг-понг клуб кој е достапен за сите посетители, а истиот е дополнет со студио за масажа. Во самиот комплекс се наоѓа и куглана,подготвена по светски стандарди од меѓународната кугларска федерација со бар.

Центарот е адаптиран по стандардите на најмодерните спортски центри во САД. Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е сликата на спортот и положбата на здравјето и вистинскиот живот кој што е достапен за сите граѓани.

Благодарение на капиталните инвестиции на Владата на Република Македонија Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е дополнет со хокеј арена, каде за одржување на тренинзите се амгажирани тренери, кои се експерти во овој спорт. Во овој објект на располагање на сите граѓани се и тренинзи по уметничко лизгање. Лизгалиштето е достапно и за рекреативно лизгање. Спортскиот Центар Ви ја нуди основната опрема за започнување на овој спорт (кацига, лизгалки, хокеарски стап, а достапна е и нарачка на дополнителни потребни елементи).

Атрактивна содржина е и Картинг Центарот кој има рекреативен карактер, и располага со осум картинзи кои се од брендот Хонда, а безбедносната опрема е од брендот Спарко. Објектот располага и со кафе бар кој служи за релаксација по возењето.

Во рамките на Спортскиот Центар се наоѓа и Семејниот Центар - игротека Habyland. Наменета е за деца до 12 години, со посебно одвоен простор за најмалите, содржи и надворешен простор со лизгалиште и бергодром за деца до 15 години,како и пријатен кафе бар со летна тераса.

Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е реновираниот базен Карпош. Базенот доби нов лик, како и целосно реновирање на внатрешноста. Двата базени (мал и голем) се користат за рекреативци,пливачки и нуркачки клубови и натпревари (државни и меѓународни). Дневната посетеност е од околу 500 пливачи од сите возрасти. Објектот има и тераса со лежалки за релаксација во летниот период.

Како дел од спортскиот комплекс е и Рекреативниот центар кој нуди најразлични содржини: аеробик, пилатес, фитнес,сауна , карпа за качување и сала за ритмичка гимнастика.  

Во состав на базенот е проектиран и клуб за бокс кој служи за реализација на тренинзи на боксерските клубови кои се отворени од страна на СЦ Борис Трајковски и Боксерската федерација на Р.М.

Во 2013 година СЦ Борис Трајковски се прошири со најголемиот капитален објект по Арената Борис Трајковски. На 12.000 м2 изграден е првиот Аква Парк во Скопје, кој располага со најмодерни реквизити и содржини, атрактивни за целото семејство.

Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ се има и 4 спортски продавници.

Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е елитен комплекс и претставува единствен центар од мултифункционален карактер на територијата на Република Македонија, како и на Балканскиот Полуостров.