Which facility do you like

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Announcements

Почитувани корисници,

Членовите на Diners Club отсега ќе имаат можност за плаќање до 6 рати со Diners Club картичката во Спортскиот Центар Борис Трајковски. Diners Club картичката ќе можете да ја користите при купување карти за натпревари, членство во Vip Фитнес и Vip Аеробик центарот како и за користење на Vip Базенот. А, за семејните дружења на располагање ги имате Vip Кугланата и пинг понг клубот.

Ве очекуваме!

dajners

Од денес па до 29 октомври во Vip Арената на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржува 43. Меѓународен саем „Технома 2017“. Дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли од oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитата ќе учествуваат на оваа манифестација.

Во организација на „Скопски саем“ паралелно со „Технома“ ќе се одржи и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА 2017, каде компаниите ќе ги претстават и промовираат своите иновативни производи и методи.

Традиционално, на „Технома 2017“ ќе се претстават и националните економии на многу земји, покраини и региони, а за зголемување на соработката организирани ќе бидат стручни програми и Б2Б средби.

Работното време на саемот е од 10 до 19 часот.

tehnoma-17

Изминатиот викенд на 21-22.10.2017 во Vip Базенот при СЦ Борис Трајковски, се одржа петтиот меѓународен пливачки натпревар „13-ти Ноември” на кој настапија преку 300 пливачи од вкупно 12 земји и тоа: Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Ирска, Чешка, Словенија, Италија, Босна и Херцеговина, Велика Британија и Грција.

Пливачкиот митинг беше организиран од страна на ПК Бета со подршка од Спортскиот Центар Борис Трајковски. 

За најуспешен клуб на овој митинг беше програсен домаќинот Пливачкиот клуб Бета со освоени 85 медали од кои 37 златни, 25 сребрени и 23 бронзени медали, додека за најдобри пливачи беа прогласени Иван Ленџер (Србија) и Тјаша Возел (Словенија).

За одбележување се шесте македонски рекорди кои ги поставија пливачите на ПК Бета:

– Ана Јаневска постави нов младински и апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри делфин со време 28,61 секунди
– Миа Блажевска Еминова постави пет нови рекорди за постари пионери во дисциплините:

100 метри слободно со време 01.01,34 минути каде го подобри 20 години стариот рекорд на Весна Стојановска со време 01.01,50 минути;

50 метри делфин го подобри рекордот со време 31,36 секунди;

100 метри мешано со време 1.11,72 минути;

50 метри грбно со време 33,09 секунди;

50 метри слободно со време 28,36 секунди.

Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал Бизнис Лига на Македонија на 28.09.2017 одржа прес конференција. На самиот прес беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел како и медиумските покровители.

Сезоната 2017/2018 е седмата последователна сезона во која Бизнис Лига на Македонија брои рекорден број на компании и тоа дваесет и две.

Што се однесува до самиот ситем на натпреварување, се игра еднокружно (секој со секого) бидејќи натпреварувањето се игра без гостински терен за да на крајот првите 4 екпи влегуваат директно во Ф8 фазата која е елиминациона и секој пораз значи испаѓање, додека пак со разигрување шанса за влез во Ф8 ќе имаат и екипите од 5-то до 12-то место. Победниците влегуваат во Ф8 по што се игра завршниот турнир кој води до титулата во шампион на Бизнис Лигата на Македонија.

Свое обраќање на прес конференцијата имаа проект менаџерите на Бизнис Лигата Младен Ѓуроски и Филип Николовски кои им посакаа на компаниите пред се фер плеј игра успешна сезона исполнета со многу забава и како и секогаш да победи подобриот.

На пресот се обрати и директорот на Спортскиот Центар Борис Трајковски Александар Петровски кој го потврди континуитетот на соработката помеѓу Бизнис Лигата и Спортскиот Центар Борис Трајковски. 

Денес со почеток во 16.00 часот на ISU Junior Grand Prix (Светско Првенство во ументичко лизгање за јуниори) што се одржува во Загреб, со кратка програма во категоријата - жени како претставник од Македонија настапува Ангела Прилепчанска.

Нашата натпреварувачка во рамките на овој натпревар ќе настапи и на 30.09.2017 година со Слободен состав ("Ladies Free Skating") по што ќе следи конечно бодување и рангирање во рамките на Светската Јуниорска листа за Уметничко лизгање-жени. 

Ова е голем настан за Република Македонија која за прв пат има преставник во уметничко лизгање на Светско првенство, откако пред неполни три месеци стана членка на ISU.

Настанот можете да го следите на следниот линк: