Which facility do you like

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

 Спортскиот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ не престанува да ги надградува и осовременува понудите што ги нуди на сите оние што ги користат нивните спортски содржини.

Имено,сите корисници на vip Малата сала отсега ќе имаат можност да тренираат на комплетно реконструиран паркет, од раководството на Спортскиот центар информираат дека периодот околу новогодишните и божиќните празници беше искористен за комплетно освежување на паркетот во vip малата сала. Комплетната обнова на теренот практично е целокупен процес кој вклучува отстранување на стариот лак, повеќеслојно нанесување на нов лак наменет за професионални спортски терени.

Во склоп на Спортскиот центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ се наоѓа и добро познатата vip Мала сала, која најчесто се користи за тренинг и рекреација. Изминативе осум години vip Малата сала често беше користена и за настани од културен забавен карактер, форуми, симпозиуми, презентации. Според информации добиени од менаџментот на Спорскиот центар vip Малата сала е една од најискористените содржини кои ги нуди комплексот, односно искористеноста на оваа сала е на максимално ниво. Во насока за подобрување на квалитетот на услугите што ги нуди Спортскиот центар, раководството на Спортскиот центар одлучи периодот околу новогодишните и божиќните празници да биде искористен за комплетно освежување на паркетот во vip Малата сала. Комплетната обнова на теренот практично е целокупен процес кој вклучува отстранување на стариот лак, повеќеслојно нанесување на нов лак наменет за професионални спортски терени.