Which facility do you like

Developed in conjunction with Ext-Joom.com



logoscbt

Најчесто во светските спортски центри кои што се наменети за врвни спортски натпревари, ретко кој од обичните луѓе може да си дозволи и воопшто да спортува на истиот терен и во истата сала каде што играат неговите омилени играчи и идоли.

 kosharka-rakomet-i-tenis-vo-isto-vreme-vo-sc-boris-trajkovski

Сепак, за разлика од нив, нашиот спортски центар Борис Трајковски станува поблизок до граѓаните на кои сака да им овозможи неверојатно искуство и загарантирано дружење и забава. Имено, СЦ "Борис Трајковски" направи неверојатно изненадување и новитет со што големата арена наместо да има едно централно игралиште, ја замени со три комплетно монтажно-демонтажни терени, поставени по хоризонтала, во рамките на истата голема арена, а истите тие се наменети за тренинг и рекреација на сите.

kosharka-rakomet-i-tenis-vo-isto-vreme-vo-sc-boris-trajkovski2

Ние постојано се трудиме да воведуваме новитети со кои ќе бидеме поблиску до граѓаните и ќе им служиме на нив, но и ќе ги задоволуваме нивните потреби. Во овие ладни месеци наместо тие да тренираат и да се рекреираат надвор, ние им нудиме неверојатна шанса да бидат на истиот терен како и Кире Лазаров, Наумче Мојсоски, браќата Стојановски, Перо Антиќ и останатите спортисти кои играле во дресот на Македонија пред преполните трибини во СЦ. Борис Трајковски. Трите терени ќе овозможат тренирање на три спортови истовремено, но и ќе придонесе до драстично намалување на цените на закуп (преку 50%). Во таа насока, во големата арена во исто време ќе може да се тренира тенис, кошарка и ракомет и при тоа се да биде монтажно-демонтажно со можност за собирање и повторно поставување на игралиштата согласно потребите на закупецот. За прв пат во Република Македонија ќе имаме затворен тениски терен (комплетно монтажно демонтажен) кој е со сертифицирана акрилна подлога од страна на светската тениска федерација и ги исполнува сите стандарди за одржување на интернационални натпревари, a истиот е со димензии 36м*18м. Паралелно со тениското игралиште имаме и терен за кошарка, кој е во оригинални димензии (28м*15м) и за прв пат во нашата понуда граѓаните, за рекреативни потреби, имаат можност да изнајмат еден кош или половина терен од кошаркарското игралиште за баскет. Паралелно со кошаркарскиот терен поставено е игралиштето за ракомет, со специјализирана подлога за ракомет наречена ГЕРФЛОР. Игралиштата се поделени со заштитна мрежа. На овој начин се надеваме дека уште повеќе ќе го зголемиме интересот и на рекреативците и на клубовите, но и на бизнис компаниите кои се грижат за водењето на здрав живот на своите вработени, бидејки со оваа наша понуда спортскиот центар ќе биде уште по достапен за сите љубители на спортот, изјави Директорот на СЦ Борис Трајковски, Златко Перински.

kosharka-rakomet-i-tenis-vo-isto-vreme-vo-sc-boris-trajkovski3

На денешната презентација на целосно новата монтажно-демонтажна поставка на новите три игралишта беше присутен и Директорот на Агенција за Млади и Спорт, Г-дин Марјан Спасески.